Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра пријателски натпревар против селекцијата на Украина. Ова го најави потпретседателот на Фудбалската Асоцијација на Украина, Олег Протасов, кој истакна дека во тек се последните подготовки за тест-мечеви со Франција и со Македонија.
„Бараме квалитетни спаринг-партнери бидејќи наша цел не е само да играме, туку и да победиме на баражот и да се пласираме на СП. Преговараме со неколку држави за одржување на тренинг-камп на нивна територија, а договараме и средби со Франција и со Македонија. Деталите ќе ги соопштиме нешто подоцна, кога се ќе биде договорено“, изјави Протасов за украинските медиуми.
Пријателскиот натпревар би се одиграл кон крајот на мај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













