
Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше (3-3) против Естонија на гостувањето во Талин. Експериментот со промената на осуммина стартери не успеа, одбраната не го положи испитот, но откако влегоа Барди, Пандев, Несторовски, сепак, беше надоместена негативата. Македонија не успеа да реализира и пенал во 67.минута, Александар Трајковски го погоди дирекот.
Мечот почна одлично за Македонија. Естонците си постигнаа автогол во третата минута кога на смешен начин Мартен Куск ја врати топката кон голот додека голманот не беше на своето место. Но, Естонија израмни со голот на Рауно Сапинен во 33.минута.
Во вториот дел, многу случувања, четири гола, нереализиран пенал на Трајковски.
Естонија поведе со 2-1 во 61.минута со вториот гол на Сапинен. Шишковски ја одби топката, а напаѓачот се најде на вистинското место и погоди од непосредна близина. Трајковски имаше шанса за израмнување, но од 11 метри го погоди местото каде што се спојуваат гредата и дирекот.
Франк Ливак од пенал зголеми на 3-1 за Естонија во 76.минута и се чинеше дека мечот е загубен. Но, Пандев не мислеше така. Во 80.минута ја затресе мрежата на противникот со полуволеј по центаршутот од десната страна, а Ѓоко Зајков во 88.минута по една мешаница и корнер, успеа да израмни на 3-3.
Македонија сепак, успеа да стигне до бод. Ерменија и Грузија исто така ремизираа 2-2, па Македонија и Грузија со по пет бода се на врвот на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина
