МАКФУДБАЛ во Порто,
Прекрасен е градов, неверојатен микс на стара вековна цивилизација и нова европска архитектура, гондоли кои те носат од Порто кон Гаја и експресна жичница која те носи високо, високо….кон мундијалот!
Од Порто се гледа Катар, треба само Македонија да го земе скалпот на уште една врвна европска сслекција, Португалија предводена од Кристијано Роналдо.

„Подготвени сме за надигрување, кога можевме да ја елиминираме Италија, сигурно дека можеме да се носиме и со Португалците. Верувајте, дека ќе дадеме се од себе за да се пласираме на Светското првенство“, порача капитенот Стефан Ристовски во името на комплетниот национален тим.
Роналдо и Жота во нападот, Бернардо Силва и Бруно Фернандеш во средниот ред. Селекторот Фернандо Сантош има на располагање ергела од Премиер – лигата. Но, Македонија го има тимскиот дух како свој адут и шанса на животот која не треба да ја пропушти.
Треба само да се искачи над Порто и да погледне кон Катар…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













