Македонија ЃП се засили уште со двајца фудбалери пред предизвиците во новата сезона. Во македонскиот прволигаш пристигнаа Мелос Бајрами и Стефан Јакимовски од редовите на Шкупи.
Освојувачот на македонскиот Куп претходно се засили со Ристе Темелков и Антон Карачанаков.
Јакимовски е 23-годишен голман, кој во минатото играше и за Вардар, Еуромилк Горно Лисиче, Академија Пандев, Њу Старс, Локомотива, Кадино, Борец и грчки Алмопос.
Бајрами е дефанзивец, кој досега настапи на 14 меча во Првата лига и постигна еден гол, а претходно играше уште за Скендербег од Албанија, како и Балкани и Фламутари од Косово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













