
Македонија ЃП загуби со 3-1 (1-0) на гостувањето против Алашкерт во Ереван во првиот меч од почетното квалификациско коло за Лигата на Европа. „Лавовите“ не успеаја да издржат до реми против ерменскиот тим, па на реваншот ќе ги чека повеќе од тешка задача во обидот за пласман во следната рунда натпревари на европската сцена.
Ерменците брзо дојдоа до предност со голот на Танков уште во 16. минута од натпреварот…
Но, храбрата игра на Македонија ЃП во продолжението вроди со плод, па „лавовите“ во второто полувреме успеаја да стигнат до израмнување. Јашароски израмни на 1-1 во 52. минута, откако повратникот во таборот на „лавовите“ со прекрасен удар со глава го матираше домашниот голман.
Сепак, Ерменците брзо се вратија со предност со голот на Секулиќ во 66. минута, за да конечните 3-1 за Алашкерт следат во 82. минута со автоголот на бразилскиот дефанзивец во македонскиот состав Лима Да Силва Нето…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Киеза се враќа во Италија и ќе потпише за Милан

Евро-фудбал
Рејндерс пред трансфер во Манчестер Сити

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучи во трката за Рафаел Леао
