
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП ја заокружи првата фаза од подготовките во Скопје и денеска отпатува за Аланија каде ќе продолжи со подготовките.
Во турскиот туристички центар „лавовите“ ќе одиграат шест пријателски натпревари низ кои тренерот Жикица Тасевски треба да го дефинира стартниот состав за пролетниот дел од шампионатот.
Македонија ЃП закажа пријателски натпревари со Олександрија, Инхулетс, Монтана, ЦСКА 1948, Минај и со Олимпик Доњецк.
Во тимот на Македонија ЃП досега пристигнаа четири засилувања во зимскиот преоден рок.
Нови аквизиции кај ѓорчепетровци се Чарлестон, Робсон да Силва, Изет Ајрулаху и Самир Фазли.
Македонија ЃП има амбиции за излез на европска сцена со оглед на третата позиција на табелата по есенската полусезона. „Лавовите“ се надеваат дека со добри подготовки би можеле сериозно да се вмешаат и во трката за шампионската титула.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
