
Фудбалерите на Македонија ЃП се освојувачи на трофејот во Купот на Македонија откако на пенали славеа против Струга ТЛ со 2-0, или вкупно 3-1.
По голема борба во регуларниот тек, мечот заврши 1-1, а по продолженијата не се промени, па финалето се решаваше со удари од белата точка.

Таири и Мишевски не погодија на почетокот, а потоа Радевски ја погоди гредата. Личина успеа да го надмудри Ќосевски, а Незири повторно ја погоди гредата.
Филип Алексовски не реализираше, но и Стевковски го одбрани шутот на Шабани. На крајот, Емир Скендери погоди за конечни 2-0 после пенали.

Македонија ЃП поведе исто така од пенал, со голот на Филип Мишевски во 28.минута.
Кристијан Стојковски имаше убава можност за втор гол за “лавовите” на почетокот на вториот дел, но шутираше над голот.
Струга ТЛ израмни со погодокот на Фатјон Јусуфи во 77.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal