
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП по денешниот пораз (4-0) од Тиквеш во Кавадарци, излезе со соопштение во јавноста барајќи воведување на ВАР во Првата фудбалска лига.
„ВАР е веќе нормална пракса за сите држави од регионот – Грција, Бугарија, Албанија, Босна, Косово (косовска прва и втора лига).
Јавната судиска анализа на одиграните (отсудените) натпревари во Македонија не му носи ништо добро на македонскиот фудбал, а тимовите остануваат оштетени.
Нашето барање е јавно и пред сите љубители на фудбалот. Многу натпревари во лигата завршуваат со жалби за кои нема разрешница, па фер судењето се доведува во прашање!
Грешките се човечки и се случуваат, но само кога се исклучок, а не правило на секое коло.
Живееме во тешко време на голема финансиска криза, па ваквите порази тешко се поднесуваат.
Честитки за ГФК Тиквеш на денешната победа, срдечниот пречек на Лозарите и претседателот на клубот, Миле Масларков“, објави Македонија ЃП.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
