Connect with us

Мајката на Пеле не знае за неговата смрт

Мајката на починатиот Пеле се уште не е информирана за смртта на нејзиниот син, откри сестрата на фудбалската легенда Марија Лусија, цитирана од „Мирор“. Селест Арантес има точно 100 години, но не е во добра психичка состојба.


„Разговараме со неа, но таа не знае што се случило“ – изјави Марија Лусија.

„Таа живее во свој свет. Мама, сепак, е свесна дека се бореше со ракот и често велеше дека треба да се молиме за него“.

Селест Арантес ја прослави својата стогодишнина во ноември. Таткото на Пеле е поранешниот фудбалер Дондињо, кој почина во 1996 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови