
Манчестер Јунајтед го декласира Евертон со 4-0 на дебито на новиот менаџер Рубен Аморим на „Олд Трафорд“ во Премиер – лигата. Португалскиот стратег претходно имаше меч на домашен терен и против Бодо/Глимт во Лига Европа, кој исто така го доби со 3-2.
Маркус Рашфорд и Џошуа Зиркзе постигнаа по два гола, а Амад Дијало и Бруно Фернандеш забележаа по две асистенции, а Манчестер Јунајтед делуваше навистина разиграно.
Челси оствари важен триумф од 3-0 против Астон Вила на „Стемфорд бриџ“. Николас Џексон во седмата минута донесе водство, Енцо Фернандез зголеми на 2-0, а третиот гол го постигна Кол Палмер во 83.минута.
Тотенхем и Фулам ремизираа 1-1. Бренан Џонсон во 54.минута обезбеди предност за Тотенхем, но израмни Том Керни, кој подоцна доби и црвен картон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани
