Лукас Тореира ќе го напушти Арсенал, бидејќи не е во плановите на Микел Артета. Италијанските медиуми потврдија дека Арсенал и Фиорентина се на чекор до договор според кој Уругваецот ќе премине во италијанскиот клуб на едногодишна позајмица за еден и пол милиони евра, со можност следното лето да го откупи комплетно за дополнителни 10 милиони евра.
Под одредени услови, откупот може да стане задолжителен, во согласност со натпреварите што би ги одигра играчот од средниот ред.
Лукас Тореира пристигна во Арсенал летото 2018 година од Сампдорија за 28 милиони евра, но тој падна во втор план со доаѓањето на Микел Артета. Минатата сезона ја помина на позајмица во Атлетико Мадрид, со кого исто така ја освои титулата, но Диего Симеоне не сакаше да го купи.
Тореира не се појави ниту на подготовките на Арсенал по Копа Америка, го чекаше исходот на ситуацијата и вистинската понуда, а се чини дека Фиренца најмногу му се допадна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













