Фудбалерот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, кој е цел на Манчестер Сити, е под истрага за обложување на спортски настани, што е забрането од Фудбалската асоцијација во Англија, објавија медиумите на Островот.
За ваков прекршок, 8 месеци забрана за настап доби репрезентативецот на Англија и голгетер на Брентфорд, Иван Тони.
Пакета е бразилски репрезентативец и во последните денови се поврзува со трансфер во Манчестер Сити. Сепак, се покажа дека „чеканите“ одбиле понуда од 70 милиони фунти за него, инсистирајќи да добијат 85 милиони.
Тогаш се појави информација дека шампионот се повлекол од преговорите. Сепак, според „TNT Sports BR“, повлекувањето на „граѓаните“ е токму поради истрагата за која станува збор.
Интересно е што бразилскиот медиум „ТНТ Спортс БР“ тврди дека во реалноста не се води истрага за самиот Пакета, туку за луѓето од неговата околина.
Во оваа фаза нема детали за колку и за какви облози станува збор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













