Офанзивниот играч за врска на Вест Хем, Лукас Пакета, би можел да му се приклучи на Манчестер Сити ова лето. Раководството на клубот сака да го засили составот со 26-годишниот Бразилец.
Минатото лето „граѓаните“ исто така направија обид да го привлечат Пакета, но зделката пропадна бидејќи играчот од средниот ред на лондончани беше под истрага за незаконско обложување.
Лукас Пакета игра за Вест Хем од август 2022 година. Оваа сезона настапи на 34 натпревари за „чеканите“ во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и седум асистенции. Неговиот договор е до летото 2027 година.
Играчот од средниот ред има 44 натпревари за репрезентацијата на Бразил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













