Connect with us

Лукас Хернандез почна да тренира со топка

Фудбалерот на Баерн Минхен, Лукас Хернандез, го одработи првиот тренинг со топка, четири и пол месеци откако се повреди на Светското првенство во Катар.


„Тој се пресели во следната фаза од неговото опоравување со неколку додавања и дриблинзи“, се вели во соопштението на баварскиот клуб, без да се прецизира датумот за неговото враќање на теренот.

Францускиот дефанзивец го одработи првиот тренинг со трчање пред еден месец.

Тој се повреди на натпреварот меѓу Франција и Австралија во првото коло од групната фаза на Светското првенство, поради што го напушти теренот во деветтата минута, а до крајот на турнирот беше заменет со неговиот брат Тео Хернандез од Милан.

Паузата поради повредата на коленото што ја имаше обично трае шест месеци.

Баерн, исто така, објави дека младинскиот репрезентативец на Франција, Матис Тел, започнал со тренинзи по повредата на тетивата.

По 27 одиграни кола, Баерн го зазема првото место на табелата во Бундес – лигата со 58 бодови, односно има два бода повеќе од најголемиот ривал Борусија Дортмунд.

Баварците вечерва гостуваат кај Манчестер Сити во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови