
Личната конфронтација меѓу Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ ја одбележа сезоната во Серија А. На крајот, Белгиецот се смета за целосен победник затоа што со Интер го освои скудетото. Златан Ибрахимовиќ и Милан се борат за пласман во Лигата на шампионите.
„До периодот во Манчестер Јунајтед ние имавме добар однос. Потребни се играчи со неговиот квалитет во Серија А. Разликата е тоа што тој сака да победува за себе, а јас сакам за Интер“, изјави Белгиецот и повторно го ’пецна“ Ибра.
Се очекува битката за продолжи и следната сезона, со оглед дека Златан Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Милан, а Ромелу Лукаку нема намера да го напушти Интер ова лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal