
Европскиот шампион Челси се обидува на секој начин да го врати напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, ова лето, и покрај тоа што клубот од Милано одби две понуди. Сепак, тешко дека ќе одолее и на „третиот бран“ од Лондон, посебно што и Белгиецот се премислува и смета дека треба да се врати на „Стемфорд бриџ“.
Понудата од 85 милиони фунти за Белгиецот не беше доволно атрактивна за шампионот на Италија, па Челси одлучи да ја зголеми меѓу 94 и 102 милиони британски банкноти.
Додека Челси продолжува да ја тестира волјата на Интер за соработка, Лукаку ги извести челниците на „нероаѕурите“ дека е заинтересиран летово да се врати во Лондон, каде што не се прослави во првиот мандат.
Лукаку беше клучен играч на Интер во шампионската сезона, но поради финансиската криза, клубот беше принуден да продаде дел од играчкиот кадар. Тој беше млад фудбалер и остана должен кон навивачите на Челси и лесно може да се случи да се врати за да покаже што знае и умее.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа
