Connect with us

Лукаку се договорил со Јувентус три дена по финалето на ЛШ

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, ги договорил условите со Јувентус само два дена по финалето на Лигата на шампионите на 10 јуни, тврдат италијанските медиуми. Згора на тоа, следниот ден – 13 јуни, Лукаку објави специјално обраќање до навивачите на „нероаѕурите“, во кое зборува за неговата „љубов кон овој прекрасен клуб“.


Како што е познато, Лукаку наводно сакал трајно да остане во Интер, а клубот морал да преговара за неговото купување од Челси. Сепак, тогаш излезе информација дека белгискиот интернационалец преговарал и со Јувентус, а му бил понуден и на Милан.

Напаѓачот оттогаш престана да одговара на телефонските повици од луѓето во Интер. Сето тоа го натерало клубот да се откаже од него.

Во моментов Лукаку сепак не е дел од првиот тим на Челси, туку тренира одвоено.

Релевантна е опцијата тој да се пресели во Јувентус, а на „Стемфорд Бриџ“ треба да пристигне Душан Влаховиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови