Connect with us

Лукаку планира „опасен трансфер“, да се врати во Милано, но кај големиот ривал на Интер

Се ближи летниот преоден рок и како и изминатото лето, повторно се поставува прашањето околу Ромелу Лукаку и продолжението на кариерата на 30-годишниот белгиски напаѓач кој моментно е на позајмица во Рома.


Челси го позајми Лукаку на Рома до летото 2024 година, но има многу прашалници околу неговата иднина.

Тешко дека Рома ќе може да ги исполни барањата на Челси и да плати 30 милиони евра за откуп на договорот на белгискиот репрезентативец, како што бара англискиот клуб.

Во игра за неговиот потпис се уште неколку клубови, а најмали се шансите тој да остане во Челси, пренесуваат италијанските медиуми.

Се споменуваат клубови од Саудиска Арабија кои немаат финансиски проблеми. Сепак, Лукаку наводно сака да остане во европскиот фудбал.

Италијанците тврдат дека Милан е силно заинтересиран за Ромелу Лукаку, со оглед дека ќе остане без Оливие Жиру, и будно го следи развојот на ситуацијата. „Росонерите“ исто така би се обиделе да го доведат Белгиецот на едногодишна позајмица.

Ако дојде во Милан, тоа секако ќе биде уште еден „удар“ на Лукаку кон Интер и посебно кон неговите фанови за кои е „смртен непријател“ откако замина од „Џузепе Меаца“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови