
Работнички ја сопре Шкендија, може да жали и за трите бода против лидерот, но нема премногу време за анализи затоа што првенството се движи со забрзан ритам и в недела тимот му гостува на Шкупи. Уште еден дуел со екипа која претендира за самиот врв на табелата. Но, тоа не значи и дека составот на Александар Влахо не размислува за позитивен резултат и за освојување бодови.
„Мислам дека заслуживме и повеќе од бод против Шкендија. Бевме агресивни, одигравме напаѓачки, Шкендија не беше подобра во ниеден сегмент од фудбалската игра. И тоа ни дава мотив дека можеме да одиграме така квалитетно, би сакал да биде и за нијанса подобро, и на неделниот натпревар против Шкупи. Јасно е, ни недостига единствено реализацијата за да оствариме триумф и против најдобрите. Се надевам дека тоа ќе се случи веќе на неделниот меч против тимот од Чаир“, вели Лука Станковски за официјалниот сајт на Работнички.
Натпреварот меѓу Шкупи и Работнички е закажан за в недела, со почеток во 14 часот, на компкексот на ФФМ, а ќе го суди Александар Ставрев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
