Сензационална вест доаѓа од Хрватска. Медиумите објавија дека ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, би можел на лето да се врати во Динамо Загреб.
Хајдук во зимскиот преоден рок ги врати Иван Перишиќ и Јосип Брекало, додека Модриќ сега би можел да биде големо засилување за Динамо Загреб. Покрај Модриќ се споменува и Дејан Ловрен.
Договорот на Модриќ со Реал Мадрид истекува следното лето и како што стојат работите во моментов нема да му биде понудено продолжување на договорот. Се шпекулираше за понуда од Карло Анчелоти да стане дел од стручниот штаб, но Модриќ сака да продолжи да игра фудбал.
Информациите од Хрватите се дека првиот човек на Динамо, Мирко Баришиќ, контактирал со Модриќ и му кажал дека вратата во неговиот роден клуб е секогаш отворена за него и сакаат да го видат во дресот на „модрите“.
Лука Модриќ сака да ја продолжи кариерата до СП 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal