
Напаѓачот на Милан, Лука Јовиќ, доби суспензија од два натпревари поради црвениот картон на мечот со Монца.
Во неделата Милан беше поразен од Монца со 4-2 во 25. коло од Серија А, а српскиот фудбалер кој беше стартер доби црвен картон во 53. минута откако го удри Армандо Ицо. Во тој момент резултатот беше 2-0 за Монца.
Поради овој потег Србинот се најде во фокусот на вниманието на италијанските медиуми.
Италијанската дисциплинска комисија одлучи да го суспендира Јовиќ за натпреварите со Аталанта и со Лацио.
Јовиќ оваа сезона постигна седум гола за Милан во сите натпреварувања.
Милан е третопласиран на табелата во Серија А со 52 бода, што е 11 помалку од лидерот Интер, со меч повеќе, а два помалку од второпласираниот Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло
