Connect with us

Лука Јовиќ оди на позајмица во Монако

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ во зимскиот преоден рок и дефинитивно ќе замине од Реал Мадрид, а позната е и неговата следна дестинација. Тој ќе го облече дресот на францускиот прволигаш Монако. 

Јовиќ ќе замине на 18-месечна позајмица од Реал Мадрид, а во Монако пристигнува на директно барање на тренерот Нико Ковач. Хрватскиот стратег му ветил дека ќе добие голема минутажа и дека во Монако може да си ја оживее кариерата и да ја врати некогашната голгетерска форма. 

Ковач одлично ги познава квалитетите на Лука Јовиќ од периодот во Ајнтрахт Франкфурт.

  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови