Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез, ќе го напушти клубот по истекот на својот договор. Уругвајскиот ветеран има важечки договор со МЛС тимот до крајот на оваа година.
Иднината на 38-годишниот голгетер сè уште е неизвесна. Пред него стојат две опции: враќање во татковината Уругвај или пензионирање од активниот фудбал.
Суарез се приклучи на Интер Мајами во јануари 2024 година и оттогаш има одиграно 62 натпревари и постигнато 34 голови за тимот.
Договорот на Лионел Меси со американскиот клуб исто така истекува на крајот на годината, но се очекува двете страни да постигнат договор за продолжување на соработката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













