Како бомба одекна веста дека Килијан Мбапе побарал да го напушти Париз веќе во јануари. Сепак, ова беше категорично демантирано од Луис Кампос, спортскиот директор на ПСЖ.
„Тука сум јасно да демантирам. Мбапе не разговарал со мене или со претседателот за заминување во јануари. Ова прашање никогаш не се појави во нашите разговори. Секојдневно има гласини и не можеме да зборуваме за нив. Но, оваа е многу сериозна. Затоа што во неа се споменува и моето име. Ова не е вистинска вест и сигурно нема да го наруши тимот“, изјави Луис Кампос.
ПСЖ синоќа одигра 1-1 против Бенфика, а Килијан Мбапе од пенал го постигна единствениот гол за „светците“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













