Легендата Луис Фелипе Сколари објави крај на својата 40-годишна славна тренерска кариера. Тој беше селектор на Бразил кога беа поразени со 7-1 од Германија на Светското првенство во 2014 година, но ја освои титулата во 2002 година.
Фелипао изјави за клупската телевизија на Атлетико Параненсе дека нема да биде на клупата в недела кога тимот ќе го пречека Ботафого во последното коло од бразилската лига.
„Ја завршувам кариерата како тренер и ќе станам директор – нова функција која не ја познавам многу добро. Но, ќе се обидам да научам што е можно побрзо“, рече тој.
Сколари ќе ја преземе функцијата директор во Атлетико Параненсе. Бразилецот во кариерата освои 27 титули, вклучувајќи го и Копа Либертадорес двапати и е еден од најдобрите тренери во историјата на бразилскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal