Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше уништен по поразот од 1-0 во реваншот со Борусија Дортмунд, по што неговиот тим е елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој сметаше дека поразот не е фер со оглед на перформансите на неговиот тим, кој четири пати ја погоди стативата во текот на натпреварот. Сепак, Шпанецот им посака успех на Германците во финалето.
„Да бидам искрен, мислам дека заслуживме да победиме. Имавме 31 удар, четири шута кон голот. Всушност, на двата натпревари имавме вкупно шест удари, но никогаш не постигнавме гол. Понекогаш фудбалот е неправеден. Честитки за Борусија Дортмунд, тие се одличен тим и се надевам дека ќе победат во финалето“, изјави Луис Енрике.
„Среќен сум со она што го видов од мојот тим. Играчите дадоа сѐ од себе. И навивачите беа неверојатни. Се надевам дека ова единство ќе продолжи и во иднина. Сакам играчите секогаш да ги испотат своите дресови. Ми се допадна нашиот настап во првото полувреме во двата натпревари. Генерално, не разговарам со играчите по натпревар, но сега направив исклучок. Разговарав со секој од нив поединечно. Важно е да знаат да како да се однесуваат кога ќе победуваат, но и кога ќе загубат. На крајот на краиштата, тие се пример и за децата“, заклучи тренерот на ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“













