
Тренерот на францускиот шампион Пари Сен Жермен, Луис Енрике, е убеден дека новото засилување на тимот е подготвено за своето деби настап за парижаните.
„Кога купуваме играч, тоа е затоа што веруваме дека може да му помогне на тимот. Не знам точно кога Квича ќе заигра, тоа зависи од тренинзите. Дали е важно кога ќе игра? Не, важно е што тој веќе е дел од нашиот тим и е во добра динамика со нас. Физички е многу подготвен. Го видовме на тренинг и мислам дека е подготвен. Неговите карактеристики одговараат на нашиот стил на игра. Ги бараме природните квалитети кај играчите за да ги развиваме. Сигурен сум дека она што тој ќе го донесе на тимот е позитивно“, изјави Шпанецот пред натпреварот со Ремс.
Енрике исто така се осврна на критиките и пофалбите што ги добива како тренер.
„Моето семејство, пријателите и блиските никогаш не ме критикуваат или преценуваат. Тие страдаат со мене кога губиме и се радуваат кога победуваме. Ги прифаќам критиките, бидејќи во големите клубови тие секогаш постојат.“
Тој истакна и дека ги анализира натпреварите детално, осврнувајќи се на победата над Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
„Го гледав натпреварот со Манчестер Сити само еднаш, но ми беа потребни три, четири, пет часа. Седум или осум играчи беа на многу високо ниво, а еден или двајца беа дури над своето ниво. Ние сме тим, не зависиме од еден играч. Имаме резерви кои можат да го подобрат тимот. Многу ми се допаѓа она што го гледам на тренинзите и натпреварите. Мора да продолжиме вака“, истакна Луис Енрике.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген
