
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше видливо среќен откако неговиот тим официјално ја освои четвртата последовлна титула во Франција. Ова стана факт по победата од 1-0 против Анже во саботата, која го обезбеди трофејот за парижаните.
Стратегот беше среќен не само поради титулата, туку и затоа што успехот дојде на домашниот стадион „Паркот на принцовите“, пред верните навивачи на клубот, кои имаа можност да го прослават новиот успех.
„Оваа победа доаѓа по една сезона полна со тешкотии. Успеавме да донесеме голема радост на нашите навивачи. Имавме многу добри моменти во текот на сезоната, но благодарение на нивната поддршка, не престанавме да се движиме напред. Тешко е да се замисли подобро место од ‘Паркот на принцовите’ за да станеме шампиони”, изјави Луис Енрике.
Тој исто така истакна дека по проблематичната мината сезона, сите сфатиле дека мора да работат како тим и да се потпираат на своите силни страни, што веќе дава резултати.
„Најважно е што нашите навивачи се гордеат со нас и успеавме да ги израдуваме со нова титула”, додаде Шпанецот.
Луис Енрике не го криеше своето задоволство од работата со сегашните играчи и можноста да изгради успешен тим.
„Среќен сум што работам со овие момци и што создавам тим кој не само што игра добар фудбал, туку и освојува трофеи. Имам неверојатни играчи кои се целосно посветени на играта и тоа е навистина прекрасно”, посочи тој.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
