
Пари Сен Жермен планира да донесе 5-6 нови засилувања за да се обиде да го надомести заминувањето на ѕвездата Килијан Мбапе, изјави тренерот Луис Енрике.
Шпанецот беше тренер на Мбапе во последната од седумте негови години во ПСЖ, период во кој напаѓачот постигна рекордни 256 гола и му помогна на тимот да освои 15 титули, вклучувајќи и шест лигашки трофеи.
Енрике рече дека претсезонските тренинзи ќе бидат клучни за неговата екипа во обидот да ги оправда очекувањата следната сезона, бидејќи ниту еден играч не може да го замени капитенот на Франција, кој е пред преселба во шпанскиот гигант Реал Мадрид.
„Имав среќа да го тренирам Килијан оваа сезона, му беше тешко по седум години минати во клубот и сѐ што постигна, тешко е да се каже збогум“, изјави Луис Енрике по триумфот од 2-1 над Лион во финалето на „Стад де Франс“.
„Нема начин да го замениме Мбапе, ќе се обидеме да го надоместиме неговото отсуство со четири, пет или шест нови засилувања. Замената на Килијан ќе биде тимот кој заедно со навивачите и нашата амбиција ќе се обиде да освои сѐ во следната сезона“, изјави Енрике.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
