
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изрази незадоволство по поразот од Баерн Минхен со 0-1 во Лигата на шампионите. Сепак, тој го призна супериорниот настап на противникот и истакна дека победата на германскиот тим е целосно заслужена.
„Во првото полувреме не игравме лошо, но не успеавме да се справиме со нивниот притисок. Немавме успех во враќањето на топката во противничкото поле. Во вториот дел создадовме неколку шанси до 60-тата минута, што ни даваше надеж. Меѓутоа, црвениот картон на Дембеле беше огромна грешка. И покрај тоа, останавме конкурентни до самиот крај. Сепак, Баерн заслужено победи“, изјави Луис Енрике.
ПСЖ досега забележа три порази во пет натпревари, што ја става под прашање нивната шанса за пласман во следната фаза.
„Сѐ во овој проект е интересно. Јас ја преземам одговорноста за добрите и за лошите одлуки. Наместо да се фокусираме на овие три порази, треба да размислуваме за натпреварите кои ни претстојат. Тоа ќе бидат три финалиња. Изгубивме драгоцени бодови дома против екипи кои играа полошо од нас“, додаде шпанскиот стратег.
На прашањето дали му е потребно време за да го изгради тимот, Енрике одговори:
„Да се биде тренер на ПСЖ е привилегија. Очекувањата кои ги имам за себе се екстремно високи, а со тоа доаѓа и притисокот. Мојата цел е оваа сезона да освоиме што повеќе трофеи. Во секој случај, секоја информација што ја добивам е многу корисна за иднината“, заклучи Енрике.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
