
Пари Сен Жермен ќе игра храбро и ќе преземe ризик на утрешното гостување против Баерн Минхен. Тоа го вети тренерот Луис Енрике, кој ги прогласи баварците, сепак, за фаворити.
„Се чувствуваме одлично. Мотивирани сме да дадеме сè од себе и да победиме. Ние и Баерн сме тимови што изгледаат многу слично – сакаме да ја држиме топката што е можно подолго, да вршиме пресинг и да го притискаме противникот. Досега одигравме 12 натпревари во Лига 1 и четири во Лигата на шампионите, и можам да кажам дека во секој од нив, освен можеби против Арсенал, мојот тим се претстави одлично. Резултатите на повеќето натпревари во ЛШ не беа фер, па затоа ни требаат бодови за да се пласираме. Самите си ја усложнивме ситуацијата“, истакна тренерот на ПСЖ.
„Баерн е фаворит во секој турнир каде што учествува. Тоа е историски клуб, кој е различен од другите германски тимови. Утре ќе бидеме храбри и ќе преземаме ризик. Ако Баерн е подобар од нас, ќе им честитаме и ќе продолжиме да работиме“, изјави Енрике.
За враќањето на Гонсало Рамош и Преснел Кимпембе во тимот, Шпанецот додаде:
„Рамош е во последната фаза од неговото опоравување, но не знам точно кога ќе се врати на теренот. Кимпембе сè уште се опоравува. Рамош е понапред во процесот од него.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал го купува Нкунку од Челси?

Втора лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ВТОРАТА ЛИГА
