Connect with us

Луис Дијаз даде гол за Ливерпул и порача: „Ослободете го мојот татко“ (ВИДЕО)

Фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, постигна гол во ремито (1-1) против Лутон на гости и на целиот свет му ја покажа својата порака „Ослободете го мојот татко“. Ова е наменето за киднаперите кои во Колумбија ги киднапираа неговите родители. Неговата мајка брзо беше ослободена и спасена, но татко му сѐ уште се наоѓа на непозната локација и е заложник.

Колумбиската влада сѐ уште преговара со терористичката организација која има длабоки корени во оваа земја.

Луис Дијаз погоди во 95.минута и израмни на 1-1, откако Лутон поведе со голот на Тахит Чонг во 80.минута од дуелот.

Неверојатно промашување на овој меч имаше Дарвин Нуњез, кој од пет метри непречен од никого не успеа да ја погоди празната мрежа и шутираше над голот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови