
Фудбалската федерација на Шпанија го продолжи договорот со селекторот на машката репрезентација, Луис де ла Фуенте, за уште две години, до завршувањето на Европското првенство во 2028 година.
„Де ла Фуенте ќе ја води машката репрезентација до крајот на Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи во Обединетото Кралство и Ирска“, се наведува во соопштението на Федерацијата.
Претходниот договор на Де ла Фуенте истекуваше во 2026 година, по завршувањето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Тој ја презеде селекторската функција од Луис Енрике во декември 2022 година, по елиминацијата на Шпанија во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
Претходно, Де ла Фуенте беше тренер на младата репрезентација на Шпанија и олимпискиот тим, со кој освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.
Со сениорската репрезентација на Шпанија, минатото лето триумфираше на Европското првенство во Германија, а една година претходно ја освои и Лигата на нации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
