Connect with us

Лудило во ЛШ: Вилјареал го потопи Баерн, продолженија во Мадрид (ВИДЕО)

Вилјареал е убиец на гигантите. После Јувентус, шпанскиот тим успеа да го елиминира и Баерн Минхен. По триумфот (1-0) во Шпанија, вечерва одигра 1-1 на „Алијанц арена“ и се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Роберт Левандовски донесе водство за Баерн на почетокот на второто полувреме и ја анулира негативата од првиот меч, но Самуел Чуквуезе во 88.минута израмни и го шокираше германскиот првак.

Челси возврати со полна мера на „Бернабеу“ за поразот во Лондон и води со 1-3 во Мадрид против Реал. Овој двомеч оди во продолженија.

Мејсон Маунт во 15.минута најави дека Челси нема лесно да се откаже од европската круна, Рудигер зголеми на 0-2 во 51.минута, а Тимо Вернер постигна трет гол во 75.минута. Сепак, Реал Мадрид се спаси од елиминација со погодокот на Родриго во 80.минута. По една фантастична асистенција на Лука Модриќ, младиот Бразилец во првиот допир со топката откако влезе во игра зафати волеј и постигна гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови