
Германецот Месут Озил вечерва со приватен авион пристигна во Истанбул во пресрет на потписот на договорот со турскиот гигант Фенербахче. Големата ѕвезда на светскиот фудбал, кој го носеше дресот на Реал Мадрид и на Арсенал, предизвика вистински навивачки земјотрес во Турција. Сега конечно и дојде да го потпише договорот со новиот клуб Фенербахче.
Озил, кој има турско потекло, и ветил на својата мајка дека ќе потпише за Фенербахче, а и самиот од малечок е фан на клубот. Тој е роден во Германија, но неговите родители имаат турско потекло.
Германскиот интернационалец ќе стави потпис на договор на две и пол сезони со Фенербахче и ќе биде огромно засилување во трката за шампионската титула. На аеродромот го пречека спортскиот директор на Фенербахче, Емре Белозоглу.
Фенербахче е заинтересиран и за младиот македонски суперталент Лука Станковски, кој исто така би можел до крајот на зимскиот преоден рок да заврши во турскиот гигант. По еуфоријата со Месут Озил, раководството на клубот се очекува да се фокусира и на другите трансфери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
