Connect with us

Луда приказна од Катар: „Синот на шеикот не покани дома, пиевме како луди и ни ги покажа лавовите“ (ВИДЕО)

Англиските навивачи доживеаја големо разочарување кога Катар реши да ја забрани продажбата на алкохол непосредно пред почетокот на Светското првенство. Тоа значеше дека трезни ќе мораат да ги гледаат натпреварите, што не им се допаднало, па некои од нив преземале акција по улиците на Катар, за да најдат алкохол.


Наводно, успеале во тоа. Неколку од нив наводно го добиле тоа што го барале благодарение на локалните луѓе.

„Само добро се забавувавме, се шегувавме, ја баравме нашата локација и уживавме“, рече прилично пијан Алекс и продолжи:

„Побаравме пиво и ни рекоа дека ќе се погрижат за тоа. Скокнавме во неговиот џип и завршивме во огромен замок. Ни покажа мајмуни, егзотични птици. Беше навистина лудо”, тврди еден навивач на репрезентацијата на Англија.

Неговиот пријател Џон тврди дека тој што ги „почестил“ бил син на локален шеик.

„Се сретнавме со син на шеик. Тој не одведе во неговата палата и ни ги покажа лавовите и сè друго. Тие ни приредија одлично добредојде и не прошетаа наоколу, навистина ништо подобро од ова”, истакна Џон.

Имаат снимки и од ноќното излегување. Алекс се огласи и на својот Твитер и истакна дека е воодушевен од начинот на кој го пречекале во Катар.

„Не ги слушајте тие глупави медиуми кои постојано пишуваат лошо за оваа нација. Тие излегоа од никаде, прават некои луди работи, но нели Велика Британија и Соединетите Американски Држави се најголемите прекршители на човековите права? Арапите срдечно не пречека. Секоја почит“, напиша тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови