Катар нема да застане на организација на Светското првенство. Целта е купување на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед од групација инвеститори, но јасно е дека зад сѐ стои емирот на Катар.
Понудата е неверојатни 8 милијарди фунти, повеќе од 6 милијарди за сегашните сопстценици, семејството Глејзер, и уште 2 милијарди фунти за итни инвестиции, реновирање на „Олд Трафорд“ и формирање на силен тим кој би бил лидер во Премиер – лигата и во Европа.
Најголем ривал на Катарците ќе биде најбогатиот човек во Британија, Џим Ретклиф, но медиумите на Островот тврдат дека тој нема шанси да достави толку голема понуда.
Катарците сакаат зделката да се финализира брзо, доколку семејството Глејзер ја прифати понудата. Јасно е и дека веројатно никогаш не би добиле поголема понуда за продажба на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













