Италијанскиот стратег Лучијано Спалети е најсериозен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Чиле, објавија медиумите на Апенините. Поранешниот тренер на Рома и на Интер е во завршни преговори за преземање на селекторската позиција на Чиле од Реиналдо Руеда.
Италијанските медиуми информираат дека раководството на Фудбалската федерација на Чиле остварило контакт со Спалети, а како најголем проблем за преземање на функцијата засега се споменува јазичната бариера. Но, поголем дел од репрезентативците на Чиле се или биле дел од клубови во Серија А, па некако и таа пречка ќе биде надмината.
Спалети е без работа од мај 2019 година кога го напушти кормилото на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













