
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, е прогласен за најдобар во Серија А за сезоната 2022/23. Оваа сезона, Наполи стана шампион на Италија за првпат од 1990 година.
Наградата ќе ја добие пред последниот натпревар од шампионатот овој викенд,кога „наполитанците“ играат против Сампдорија.
Жирито кое ја додели наградата за најдобар тренер во Серија А беше составено од директори на спортски весници во Италија. Тие ги оценуваа тренерите индивидуално според спортско-техничките критериуми и квалитетот на играта на нивните тимови, како и однесувањето/фер-плејот за време на натпреварите.
Спалети претходно потврди дека го напушта тимот на крајот на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
