Connect with us

ЛШ: Звезда издржа едно полувреме кај Сити, Барса моќна, ПСЖ сигурен (ВИДЕО)

Европскиот првак Манчестер Сити се мачеше едно полувреме против Црвена Звезда на стартот на одбраната на титулата. „Црвено-белите“ водеа по првиот дел со 0-1, со голот на Букари во 45.минута, но тимот на Гвардиола тргна фуриозно во второто полувреме, израмни преку Хулијан Алварез во 47.минута, а Аргентинецот постигна и втор гол во 60.минута, по лошата реакција на голманот на гостите. Во 73.минута Родри го комплетираше триумфот.

Барселона со 5-0 славеше против Антверпен. Жоао Феликс беше двоен стрелец, погодија и Левандовски Гави, а Батаил си постигна автогол.

ПСЖ ја победи Борусија Дортмунд со 2-0. Килијан Мбапе од пенал донесе водство во 49.минута, а Ашраф Хакими во 58.минута постигнма и втор гол за францускиот првак.

Голманот Проведел во 95.минута го спаси Лацио од пораз дома против Атлетико Мадрид постигнувајќи спектакуларен гол во финишот. Пабло Бариос во првиот дел донесе предност за шпанскиот тим.

Порто го победи Шахтјор на гости со 1-3, а Феенорд славеше против Селтик со 2-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови