Connect with us

ЛШ: ПСЖ го шокираше Баерн, Челси води против Порто

Пари Сен Жермен има водство од 1-2 против европскиот првак Баерн Минхен по првото полувреме на „Алијанц арена“ во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите. Ова е реприза од минатогодишното финале, а овојпат тимот на Маурисио Покетино покажува дека ја научил лекцијата.

Килијан Мбапе во третата минута донесе водство, а Маркињос во 28.минута зголеми на 0-2, и двата гола на асистенции на Нејмар. Во 37.минута Чупо-Мотинг намали на 1-2.

Челси има предност (0-1) по првиот дел на гости против Порто. Мејсон Маунт во 32.минута ја затресе мрежата на португалскиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови