
Добрите познаници Ливерпул и Реал Мадрид ќе истрчаат вечерва на „Енфилд“ во нивната нова пресметка во Лигата на шампионите. За разлика од минатиот пат, сега е тоа дуел од првата фаза од елиминациите во елитното европско натпреварување.
„Црвените“ се пласираа во осминафиналето откако завршија на второто место во групата А, каде како лидер заврши Наполи, поради подобрата гол-разлика.
Европскиот и светски клупски шампион Реал Мадрид ја освои групата Ф, во која беа уште Селтик, Шахтјор Доњецк и Лајпциг.
Ливерпул и Реал последен пат се сретнаа во финалето на Лигата на шампионите во мај, кога англискиот тим доминираше во голем дел од натпреварот, но „кралскиот клуб“ на крајот победи со 1-0 благодарение на голот на Винисиус Жуниор.
Тимот на Јирген Клоп испаднал во оваа фаза од Лигата на шампионите само еднаш во последните пет години, а тоа се случи во сезоната 2019/20 кога „црвените“ беа исфрлени од другиот мадридски гигант, Атлетико Мадрид.
Ливерпул се мачеше многу оваа сезона, но минатата недела оствари две победи во низа, откако ги победи Евертон и Њукасл и покажаа дека постепено се враќаат во добрата форма.
Реал Мадрид исто така не е во најдобар елемент во последно време. „Белите“ веќе заостануваат осум бода зад Барселона во битката за титулата во Ла Лига, а имаат и кадровски проблеми. Сепак, Реал постојано покажуваше дека какви и да има проблеми, никогаш не може да бидат отпишани во Лигата на шампионите. Доказ за тоа беа пресметките со ПСЖ и со Манчестер Сити на патот до финалето минатата сезона.
Во саботата, Реал Мадрид ја победи Осасуна со 2-0, што беше четврта последовна победа за тимот во сите натпреварувања.
Ливерпул е без победа во последните шест натпревари со Реал, што е нивна најлоша серија против овој противник во Лигата на шампионите. Сепак, „кралевите“ имаат само еден успех во претходните седум гостувања во Англија.
Луис Дијаз, Ибрахима Конате, Тијаго Алкантара и Калвин Ремзи се уште се опоравуваат од повредите во тимот на Ливерпул. Сепак, Диого Жота, Роберто Фирмино и Вирџил ван Дајк се вратија во акција.
Дарвин Нуњез заработи повреда на рамото за време на пресметката со Њукасл, но Јирген Клоп на својата прес-конференција најави дека има шанси Уругваецот да игра доколку нема премногу болки.
Реал Мадрид е без играчите од средниот ред Тони Крос и Аурелиен Чуамени. Добрата вест за Карло Анчелоти е што сепак капитенот Карим Бензема влезе во составот за патувањето на „Енфилд“. Тибо Куртоа веќе се опорави од повредата и настапи на мечот со Осасуна. Повредени се и Ферлан Менди и Маријано Дијаз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
