
Лионел Меси е екстра засилување за Пари Сен Жермен и го докажа тоа на големото дерби против Манчестер Сити. „Светците“ победија со 2-0, а Лео Меси беше стрелец на вториот гол за ПСЖ во 74.минута. Првиот погодок беше дело на Идриса Геје во осмата минута.
Сензација се случи на „Сантијаго Бернабеу“. Тимот на Бобан Николов, молдавскиот Шериф го совлада Реал Мадрид со 1-2. Спектакуларен беше победничкиот погодок на Себастиен Тил во 90.минута. Шериф поведе со голот на Јасур Јакшибаев во 25.минута, а израмни Карим Бензема од пенал во 65.минута.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов остана на клупата за резерви во тимот на Шериф, но, сепак, ја почувствува атмосферата со оглед дека влезе на теренот во 92.минута. Овој клуб сега има шест бода по две кола во групата од ЛШ.
Лигата на шампионите се врати на „Сан Сиро“ по седум години, а Милан загуби (1-2) од Атлетико Мадрид. Рафаел Леао донесе предност за „росонерите“ во 20.минута, но само девет минути подоцна Франк Кеси беше исклучен. Атлетико Мадрид успеа да израмни во 84.минута преку Антоан Гризман, а Луис Суарез реализираше пенал во судиското продолжение за триумф на шпанскиот првак.
Ливерпул беше убедлив на гостувањето во Порто и славеше со 1-5. Мохамед Салах и Роберто Фирмино постигнаа по два гола, а во листата на стрелците се запиша и Садио Мане. за Порто погоди Мехди Тареми.
Борусија Дортмунд го совлада Спортинг Лисабон со 1-0, со голот на Дониел Мален во 37.минута. Клуб Бриж оствари триумф (1-2) на гости против Лајпциг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
