Европскиот првак Манчестер Сити ја оствари и шестата победа во групната фаза од ЛШ, откако во Белград славеше против Црвена Звезда со 2-3. „Граѓаните“ играа со неколку млади фудбалери, Пеп Гвардиола сочува дел од првотимците, но и со „половина“ тим беа подобри од „црвено-белите“.
Во 19.минута, младиот Миках Хамилтон го доведе Манчестер Сити во водство, а Оскар Боб во 62.минута зголеми на 0-2. Хванг во 76.минута постигна гол за Црвена Звезда, но потоа Калвин Филипс од пенал постигна трет гол за „граѓаните“.
Во финишот, Катаи со удар со глава го постави конечниот резултат.
Лајпциг славеше против Јанг Бојс со 2-1. Бењамин Шешко и Емил Форбсерг беа стрелци на головите за домашниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













