Седум последни билети за нокаут фазата во Лигата на шампионите треба да донесе последното шесто коло од групната фаза. Најинтересно вечерва ќе биде во групата Х, каде двата меча директно решаваат кои две екипи ќе се придружат на патниците во осминафиналето. Досега девет тима обезбедија пласман, а тоа се Баерен Минхен, Манчестер Сити, Порто, Ливерпул, Челси, Борусија Дортмунд, Барселона и Јувентус.
Манчестер јунајтед, Лајпциг и ПСЖ имаат идентичен број бодови (9), но „светците“ се во предност затоа што во Париз го пречекуваат Башакшехир, кој е последнопласиран и нема шанси за да биде понатаму. Лајпциг и Манчестер Јунајтед во директна пресметка ќе решаваат кој ќе оди во осминафиналето, а „ѓаволите“ можат да си дозволат и реми со оглед дека првиот меч на „Олд Трафорд“ го добија со 5-0. Сепак, Оле Гунар Сослкјер вечерва ќе ги нема на располагање Марсијал и Кавани. Лајпциг мора да победи за да биде сигурен патник во осминафиналето, а во одбраната ќе недостига Дајот Упамекано.
Барселона и Јувентус од групата Ф веќе се пласираа во следната рунда, но мечот на „Камп Ноу“ ќе биде суперпривлечен поради дуелот на титаните, Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Динамо Киев и Ференцварош ќе играат за место во Лигата на Европа, како третопласирани во групата.
Во групата Е се е јасно. Челси е лидер и го пречекува Краснодар на „Стемфорд бриџ“, а Рен кој нема никакви шанси ќе се прости со домашен дуел против второпласираната Севилја.
Борусија Дортмунд обезбеди пласман од групата Ф, но сега во Санкт Петербург може да ја потврди првата позиција против Зенит. Лацио ќе атакува на победа против Бриж во обид да стигне до првото место кое во моментов го имаат „милионерите“.
Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski