Connect with us

ЛШ: Лајпциг го елиминира Манчестер Јунајтед, Роналдо ја расплака Барселона (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед го заврши патот во Лигата на шампионите во групната фаза откако загуби на гостувањето кај Лајпциг со 3-2. И покрај тоа што мечот ПСЖ – Башакшехир е прекинат поради расистички навреди од четвртиот судија кон Демба Ба, евидентно е дека „црвениоте ѓаволи“ ќе мораат да се помират со настап во Лигата на Европа во продолжение од сезоната.

Лајпциг го шокираше Јунајтед уште на стартот со два гола, Анхелињо погоди во втората минута, а Хајдара во 13.минута. Џастин Клајверт во 69.минута зголеми на 3-0, а Манчестер Јунајтед доцна се разбуди. Бруно Фернандеш погоди од пенал во 80.минута, а Пол Погба две минути подоцна намали на 3-2. Но, Јунајтед не успеа да дојде до реми.

Кристијано Роналдо со Јувентус дојде на гости кај Лионел Меси и ја декласираше Барселона со 0-3. Португалецот постигна два гола од пенал, а во листата на стрелците се запиша и Вестон Мекени. На крајот, „старата дама“ го освои првото место во групата пред Барселона. 

Челси е првопласиран, па си дозволи да ремизира на „Стемфорд бриџ“ против Краснодар. Кабелја во 24.минута донесе водство за гостите, а израмни Жоргињо од пенал четири минути подоцна. 

Динамо Киев славеше против Ференцварош со 1-0, а Севилја на гости го совлад Рен со 1-3. Јусеф Ел Несири беше двоен стрелец, а погоди и Жул Кунде. 
             
Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови