
Интер ја победи Барселона на “Џузепе Меаца” со 1-0 и сега се наоѓа на второто место на табелата во “групата на смртта” каде Баерн има максимален ефект. Хакан Чалханоглу во последните моменти од првиот дел беше стрелец на голот за Интер.
Наполи го разнесе Ајакс во Амстердам со 1-6. Домаќинот поведе преку Кудус, а потоа Наполи влезе во ритам. Елмас настапи од 65. минута, а Распадори беше двоен стрелец, му се придружија и Ди Лоренцо, Зиелински, Кварацкелија и Симеоне. Ајакс остана и без Тадиќ кој доби црвен картон во второто полувреме.
Ливерпул со 2-0 го победи Глазгов Ренџерс. Трент Александер-Арнолд го отвори рано резултатот, а Мохамед Салах од пенал го постави конечниот епилог во вториот дел.
Клуб Бриж веќе не е изненадување откако го победи и Атлетико Мадрид со 2-0, а Порто идентично славеше против Баер Леверкузен.
Ајнтрахт Франкфурт и Тотенхем ремизираа без голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“

Евро-фудбал
Флоријан Вирц бил на преговори и на „Енфилд“

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
