
Италијанскиот првак Интер го освои првиот бод во групната фаза од ЛШ откако ремизираше без голови против Шахтјор Доњецк во Украина. Един Џеко имаше убава можност, но не реализираше во првиот дел, Николо Барела ја погоди гредата, а потоа мечот влезе во бавен ритам. Во вториот дел, Кореа и Де Фрај можеа да донесат предност, но Пјатов беше одличен.
Ајакс ја оствари втората победа. Во Амстердам го совлада Бешикташ кој дојде десеткуван без неколкумина првотимци со 2-0. Холандскиот шампион беше доминантен, а можеше да постигне уште неколку гола, посебно во првото полувреме.
Стивен Берхуис во 17.минута го отвори резултатот, а Себастиен Халер зголеми на 2-0 во 43.минута. Стопроцентни шанси не реализираа Халер, Тадиќ, во вториот дел и Нерес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
