![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/02/lajpcig-so-siti.jpeg)
Лајпциг го пречекува Манчестер Сити во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Актуелниот англиски првак уште една сезона ја започнува нокаут фазата со надеж дека конечно ќе стигне до трофејот.
„Граѓаните“ во последните години секојпат беа меѓу фаворитите, но триумфот во ова натпреварување засега останува неостварлив. Тие беа најблиску до освојување пред две години, но загубија од Челси во финалето.
Лајпциг не изгледа како тим што може да го запре составот на Гвардиола и покрај одличната форма од октомври. Клубот во септември го назначи Марко Росе, па тимот отиде во серија од 18 натпревари без пораз во сите натпреварувања пред да загуби од Унион Берлин пред десет дена. Росе, кој е роден во Лајпциг, го трансформираше тимот и му даде нова самодоверба.
Добра вест за Германците е враќањето на Кристофер Нкунку. Тој непосредно пред Светското првенство во Катар се здоби со повреда на коленото и го пропушти Мундијалот. Пред неколку дена се врати на теренот и забележа асистенција во победата над Волфсбург. Сепак, неизвесен е за овој натпревар, а Дани Олмо ќе го пропушти мечот поради повреда.
Минатата сезона двата тима беа во иста група во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ победија со 6-3 во Манчестер, а Нкунку постигна хет – трик. Лајпциг победи во Германија со 2-1, но натпреварот не беше важен за конечниот пласман. Тоа е единствениот пораз на Манчестер Сити од германски тим во Лигата на шампионите во 17 натпревари.
Тимот на Гвардиола ќе треба брзо да го заборави разочарувањето од последното коло во Премиер – лигата кога испушти победа на гостувањето кај Нотингем. По многубројните промашени шанси на „граѓаните“, средбата заврши 1-1 и е чекор назад во битката за титулата само неколку дена откако славеше против лидерот Арсенал.
Кевин Де Бруин и Ејмерик Лапорт не се наоѓаат во составот за овој натпревар, како и Џон Стоунс кој продолжува со опоравувањето од повредата. Во неколку наврати, кога Де Бруин не играше, менаџерот Гвардиола го внесуваше Хулијан Алварез и ја менуваше тактиката.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/stefan-ristovski-dinamo-6-80x80.jpg)
Интернационалци
Канаваро: Ристовски ми пружи рака, ако не – ќе го убиев!
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/baern-so-verder-4-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Баерн сигурен против Вердер (ВИДЕО)
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/bojan-dimoski-partizan-2-80x80.jpg)
Интернационалци
Бојан Димоски го засили Партизан
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/10/lautaro-martinez-so-zvezda-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Арсенал се фокусира на Лаутаро Мартинез
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/elmas-torino-4-80x80.jpg)