Реал Мадрид и Интер приредија вистинска голеада, а таа имаше хепиенд за „кралскиот клуб“. Тимот на Зинедин Зидан славеше со 3-2 и стигна до четири бода, еден помалку од моментниот лидер во групата, Борусија Менхенгладбах. Интер е последен со само два бода.
„Кралевите“ имаа водство од 2-0 со головите на Карим Бензема и на Серхио Рамос, кој стигна до „стотка“ во дресот на Реал. Интер сепак не се предаде, израмни на 2-2. Лаутаро Мартинез намали, а Иван Перишиќ донесе израмнување. Сепак, Родриго со гол во 80.минута донесе важен триумф за Реал Мадрид.
Ливерпул ја растури Аталанта на гости, славејќи со 0-5. Диого Жота постигна хет – трик, а и Мохамед Салах и Садио Мане се запишаа меѓу стрелците. Тоа е трета победа за англискиот првак.
Европскиот првак Баерн Минхен исто така стигна до третиот триумф, откако го совлада Салцбург на гости со 2-6. Левандовски беше двоен стрелец, погодија и Боатенг, Сане и Хернандез, а автогол си постигна Кристенсен. За Салцбург стрелаа Бериша и Окугава.
Манчестер Сити со 3-0 го совлада Олимпијакос. Феран Торес, Габриел Жесус и Жоао Кансело беа стрелци за „граѓаните“. Со идентични 3-0 и Порто го совлада Олимпик Марсеј, а Ајакс славеше со 1-2 на гости против Митјиланд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













